ВМРО-ДПМНЕ: Ангажирање на доктори по оштините

Локалната самоуправа треба да ја стимулира здравствената заштита на децата, како основен мотив за одржлив регион преку ангажирање на педијатри, односно нивно финансирање за да специјализираат, со обврска да ги опслужуваат децата во тој регион најмалку во наредните 10 години. Здружението на педијатри го поддржува и несебично ќе се вклучи во евалуација на сите педијатри во Р. Македонија. Исто така, ќе се поддржи и проширување на услугите што ги даваат педијатрите како алерго-тестови и слични испитувања. Носител: Министерството за здравство. [Рок: 2015 година]

Образложение:

Според овој прокет, локалната самоуправа треба да биде таа која ќе придонесе за стимулирање на заштитата на детската заштита преку ангажирање на педијатри односно финансирање за да специјализираат, со цел да ги опслужат децата во конкретната општина. Проектот кој пак е наведен во Отчетот на Владата на РМ за сработеното 2011-2014 година со наслов “Заштита на малдата популација со ангажирање на педијатри во општините„ и е ставен во делот на пркети чија реализација е во тек, е суштински различен од проектот кој е дел од предизборната програма.

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

Оценето од: Наталија Пешиќ

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција