ВМРО-ДПМНЕ: Аптеки во руралните средини
Ќе бидат отворени аптеки на 8 локации каде населението мора да патува и до 30 километри до најблиската апотека. Новите аптеки ќе бидат отворени во: Старо Нагоричане, Карбинци, Конче – општина Радовиш, Богомила во општина Извор, Јегуновце, Мавровски Анови во општина Ростуше, и Вранешница и Другово во општина Кичево. Носител: Министерството за здравство и ФЗОМ. [Рок: декември 2012 година]
Образложение:
Според информациите од заменик министерот за здравство Јовица Андоновски, до јули 2012 година, од предвидените 8 аптеки во рурални средини, отворени се 5 и тоа во местата: Старо Нагоричане, Карбинци, Јегуновце, Вранештица и Другово.
Заклучно со 31.12.2012 година, нема информации за отворање на останатите 3 аптеки.
Линкови:
- Курир (26.07.2012): Андовски: Нови 16 амбуланти и аптеки за руралните средини во Македонија [Пристапено на: 15.01.2013]
Оценето од: Наталија Пешиќ
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар