ВМРО-ДПМНЕ: Автопат Штип – Кочани
Со изградба на патниот правец од Штип до Кочани ќе се обезбеди континуитет на автопатското решение од Штип до Кочани, но и кон крајниот исток на државата кон Делчево и до граница со Република Бугарија. Трасата на автопатот започнува по клучката Кочани исток и се протега во должина од околу 28 км сè до клучката Три Чешми во близината на Штип. Автопатското решение предвидува изградба на коловоз со по 2 ленти со ширина од 3,75 м и по една застанувачка лента со ширина од 2,5 м, во секој правец. Вредноста на проектот е близу 56 милиони евра. Изградбата на овој патен правец на ниво на автопат е дел од проектот за давање на патиштата под концесија. Во случај во постапката за концесија која е во тек да не се добијат прифатливи финансиски понуди, ќе се разгледа потребата за прилагодување на проектот во насока на рехабилитација на коловозната конструкција со надградба и проширување, при што вредноста на зафатот се планира да биде околу 15 милиони евра. [Рок за изградба преку концесионирање: 2013-2018, рок за рехабилитација, надградба и проширување: 2013-2016 година]
Образложение:
И покрај ветувањето за изградбата на автопат со кој ќе се поврзуваат Штип и Кочани, во текот на месец декември 2013 година, беше најавено дека нема да се гради автопат, наместо тоа постоечкиот пат ќе се прошири со трета лента.
Линкови:
- Наместо автопат Штип-Кочани ќе добие трета лента [Пристапено на: 11.04.2014]
Оценето од: Марија Теговска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар