ВМРО-ДПМНЕ: База на метаподатоци за правни лица

Ќе продолжи реализацијата на проектот за воспоставување на единствена База на метаподатоци за правните лица. Прибирањето на податоците во една база на податоци ќе овозможи автоматска размена на потребните податоци меѓу државни институции. Со тоа значително ќе се поедностават процедурите за добивање лиценци и дозволи, бидејќи дел од податоците електронски ќе се добијат по службена должност. На тој начин значително ќе се намали административниот товар и ќе се избегне дуплирање при доставувањето на податоците. [Рок: јуни 2012 година]

Образложение:

Реализацијата на овој проект, односно пуштањето во употреба на базата на метаподатоци е најавено за крајот за 2013 година. Рокот кој што е поставен во ветувањето како краен до кога треба да се заврши овој проект е јуни 2012 година. Тоа значи дека ова ветување не е остварено во зададениот рок, односно за истото постои само најава дека е започнато да се работи.

Потврда за тоа е и Отчетот на Владата на Р. Македонија, каде што ова ветување спаѓа во категоријата на ветувања кои се започнати но се уште не се завршени.

Линкови:

Оценето од: Марија Теговска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција