ВМРО-ДПМНЕ: Бесплатна телефонска линија за пријавување на прекршување на законите во областа на земјоделството

Во рамките на Државниот инспекторат за земјоделство ќе отвориме и ќе промовираме постојана бесплатна телефонска линија за пријавување на прекршување на законите во областа на земјоделството, неовластена трговија со репроматеријали, злоупотреби од страна на откупувачите и други неправилности. Ќе воведеме и механизми на контрола врз работењето на земјоделските инспектори, со цел да се спречат можните злоупотреби на правата на земјоделците. [Рок: септември 2011]

Образложение:

На 5 јануари 2011 година промовирана е телефонска линија при Државниот инспекторат за земјоделство за пријавување на неправилности. Бројот на телефонската линија е 0800 11 000. [Ажурирано на: 09.04.2012]

Ова ветување е исполнето уште пред изборите кои се одржаа на 5 јуни 2011 година, и како такво не требало да биде дел од предизборната програма на партијата. [Ажурирано на: 07.09.2012]

Линкови:

Оценето од: Дејан Димитриевски

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција