ВМРО-ДПМНЕ: Бесплатни квалитетни стручни совети за земјоделците

Ќе обезбедиме бесплатни квалитетни стручни совети за земјоделците. Државната советодавна служба ќе претставува партнер и современ ефикасен сервис за давање на потребните корисни совети на земјоделците со постојано присуство на терен и директни контакти со земјоделците. За таа цел, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството институционално ќе се зајакне за постигнување на квалитет на услуги усогласен со потребите на модерното земјоделство и зголемување на одговорноста во работењето. [Рок: ноември 2011 – 2015]

Образложение:

Според информациите, извршени се реформи во јавната советодавна служба во склоп на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделието, со цел подобро информирање и едуцирање на земјоделците. Најавени се засилени теренски и едукативни активности наменети за земјоделците. Во тој правец, потпишан е меморандум помеѓу Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделието и Федерацијата на фармери, Сојузот на земјоделци и Асоцијацијата на земјоделци. Дополнително, во Агенцијата е имплементиран и електронски начин на евиденција, мониторинг и евалуација. Сето ова е со цел да се обезбедат бесплатни квалитетни стручни совети за земјоделците. [Ажурирано на: 18.04.2012]

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција