ВМРО-ДПМНЕ: Билети за повеќе патувања

vmro-dpmneОвој проект предвидува покрај постојните месечни, повратни и билети во еден правец воведување на нов тип на билети со можност за повеќе патувања (10 патувања).Со издавањето на овој билет МЖ Транспорт АД ќе одобрува 30% попуст од редовната цена за истиот број на патувања. На овој начин ќе се овозможи поголема флексибилност на МЖ Транспорт АД да излезе во пресрет на барањата на граѓаните кои ги користат услугите повеќе пати во месецот, но премалку да можат да извадат месечен билет кој во тој случај би бил поскап. [Рок: септември 2014 година]

Образложение:

Во јули  2014 година Мкаедонски железници – Транспорт пушти во продажба нов тип на билет за 10 патувања, кои  важат за еден календарски месец. [Ажурирано на: 15.03.2015]

Со оглед на тоа, може да се констатира дека ова изборно ветување е исполнето.

Линкови:

 

 Оценето од:  Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција