ВМРО-ДПМНЕ: Брана во Гевгелиско

Ќе направиме студија на алтернативи со хемиски анализи на Конска Река, Серменинска Река и Кованска Река со нивните притоки, истовремено ќе се дефинира хидро-потенцијалот или протокот на трите реки. И врз основа на таа студија на алтернативи, ќе го дефинираме најповолното место на зафат и ќе изградиме брана која ќе биде најдобро техно-економско решение и најисплатлива за водоснабдување на Гевгелија, наводнување на Гевгелиско Поле и гравитационо полнење на Дојранско Езеро со искористување на постојниот цевковод од Ѓавато. Со реализација на овој проект, ќе обезбедиме трајно водоснабдување на градот Гевгелија и ќе обезбедиме наводнување на 4.000 хектари земјоделско земјиште. За разлика од постојниот начин на полнење на Дојранското Езеро со електрични пумпи, со реализација на проектот ќе создадеме услови во хидролошки поволните години езерото да се полни по гравитациски пат. Вкупната инвестиција за изградба на браната и придружните објекти изнесува околу 45 милиони евра. Носител: Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. [Рок: 2012 – 2017]

Образложение:

Во тек е подготовката за отпочнување на изградбата на браната Конско во близина на Гевгелија. Според информациите, данска компанија е заинтересирана за реализација на овој проект. Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Коњановски најави дека изградбата на браната ќе започне во 2013 година, а за таа цел ќе бидат издвоени помеѓу 28 и 30 милиони евра. [Ажурирано на: 06.05.2013]

Во Отчетот за сработеното на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 2011-2014, во делот „Земјоделство, шумарство и водостопанство “, за проектот „Брана Конско, Гевгелија “ е наведено:

„Изработен е основен проект за браната Конско со придружни објекти, и направена е ревизија на техничката документација за изградба на браната. Одобрена е студијата за животна средина, а во текот на 2013 година се објави тендер за изградба на браната. Спроведувањето на инвестицијата продолжува во следниот период.“ [Ажурирано на: 08.04.2014]

Со оглед на тоа може да се констатира дека ветувањето: „Брана Гевгелиско“, е неисполнето, но бидејќи ветувањето има рок на инсполување 2017 година, што е надвор и од вообичаениот мандат на Владата, ова ветување се оценува како недоследно.

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција