ВМРО-ДПМНЕ: Ценовна стабилност

Високиот степен на ценовна стабилност ќе продолжи и во следните години, кога инфлацијата нема да биде повисока од 3-4% годишно.

Образложение:

Процентот на инфлација од 2008 до 2010 имаше големи турбуленции. Па така ако во 2008 година имавме пораст на цените за 8, 3, во 2009 година имаше дефлација од 0,9 проценти, за во 2009 година државата да се врати на инфлација од 1,6 отсто. Освен во 2008 година, која важи за година во која во целиот свет имаше висока инфлација, сите наредни години се во рамките на ветената ценовна стабилност. Иако официјално гувернерот Гошев на заминување предвиде дека и годинава Македонија ќе излезе од оваа маргина на ценовна стабилност со инфлација меѓу 4 и 5 отсто.

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција