ВМРО-ДПМНЕ: Деинституционализација на корисниците од ЈУ Специјален завод Демир Капија
Во следните четири години ќе продолжиме со отворање на нови станбени заедници и деинституционализирање на корисниците од ЈУ Специјален завод Демир Капија (Скопје, Неготино, Кавадарци, Велес). Носител е Министерството за труд и социјална политика, а во соработка со невладините организации што се грижат за лицата со посебни потреби.
Образложение:
Според информациите, реализацијата на овој проект е во тек. Досега 66 лица го имаат напуштено Специјалниот Завод Демир Капија и истите се сместени во 7 станбени единици во Скопје и во 7 станбени единици во Неготино. Со оглед на тоа дека проектот е во тек и не е целосно реализиран, ова ветување се оценува како делумно исполнето. [Ажурирано на: 08.04.2014]
Линкови:
- Плус Инфо (04.12.2013): Отворен реновиран дел на Специјалниот завод „Демир Капија“. [Пристапено на: 08.04.2014]
- Вечер (10.12.2013): Отворен реновиран дел на Специјалниот завод “Демир Капија”. [Пристапено на: 08.04.2014]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар