ВМРО-ДПМНЕ: Делница Битола – Кременица

Делницата Битола–Кременица во моментов е нефункционална, односно истата не се користи. Со реализацијата на овој проект, пругата повторно ќе се пушти во употреба, со што ќе се придонесе за подобрување на можностите за транспорт и превоз помеѓу Република Македонија и Република Грција. Проектот во вредност од 9 милиони евра ќе се финансира со средства од европските ИПА-фондови и Буџетот. Бизнис-заедницата има особен интерес за вос-поставување железничка врска помеѓу Пелагонискиот регион и северниот дел на Р. Грција, бидејќи значително се намалуваат трошоците на компаниите за транспорт на товар. [Рок: април 2013 – декември 2015]

Образложение:

И покрај тоа што во ветувањето дадено од страна на ВМРО-ДПМНЕ, реализацијата на овој патен правец требаше да започне во април 2013 година, според последните информации се очекува проектот да започне до крајот на 2014 година и да се реализира во рок од 18 месеци, што е надвор од рамката предвидена за завршување на овој проект, односно декември 2015 година.

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција