ВМРО-ДПМНЕ: Деловни инкубатори

Во рамките на центрите за регионален развој ќе поттикнеме развој и работа на бизнис инкубатори од кои очекуваме на едно место да ги соберат претпријатијата чија дејност се информатичките технологии. Понатаму тие ќе претставуваат основа за создавање на научно-технолошки парк. Ќе изготвиме и регионална стратегија за јакнење на претприемачките капацитети на деловните инкубатори во Република Македонија и воспоставување на партнерски односи со деловни инкубатори од други држави. [Рок: 2013 година]

Образложение:

Според ветувањето дадено во Манифестот за реформи и развој, од страна на ВМРО-ДПМНЕ, ова ветување требаше да биде завршен во текот на 2013 година. До сега тоа што е направено во правец на исполнување на истото, според Министерството за економија, е спроведената анкета и акционен план. Според Отчетот за работеното на Владата на Р. Македонија, реализацијата на овој проект се предвидува за 2015 година.

Линкови:

Отчет за сработеното на Владата на РМ предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери [Пристапено на: 05.04.2014]

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција