ВМРО-ДПМНЕ: Дигитализација на микробрановите врски
Дигитализацијата на микробрановите врски за дистрибуција на телевизиски и радиопрограми во двата правца преку инсталирање на дигитални линкови од страна на ЈП МРД, ќе овозможи едноставна и квалитетна размена на видео и аудио информации и обезбедување на капацитет за пренос на податоци за заинтересирани корисници. [Рок: февруари 2012 година]
Образложение:
На почетокот на 2012 година, започна процесот на вистинска дигитализација на радиодифузијата во Македонија. Со доделување на два мултиплекса на ЈП Македонска радиодифузија, која по изградбата на инфраструктурата започна со дистрибуција на ДВБ-Т сигнал. Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски дигитализацијата на аналогните телевизии ја најави за јуни 2013 година.
Со тоа рокот кој е предвиден во ветувањето не е запазен.
Линкови:
- NetPress (16.11.2012): Ивановски : Дигитализацијата ќе обезбеди слободни медиуми и содржини со подобар квалитет [Пристапено на: 05.02.2013]
- Македонска радиодифузија: Дигитална телевизија [Пристапено на: 05.02.2013]
- Time.mk: Спремни сме за ТВ-дигитализација [Пристапено на: 05.02.2013]
- Сител (04.08.2012): СРД: Воведувањето на дигиталната телевизија најпогодени оние кои користат аналогни антени [Пристапено на: 05.02.2013]
Оценето од: Марија Теговска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар