ВМРО-ДПМНЕ: Дигитално радио

Воведувањето на дигитално радио (DAB) ќе овозможи следење на дигитален радиосигнал, односно сигнал со далеку подобар квалитет. Во DAB мултиплексот, кој ќе го изгради ЈП МРД освен програмите на Македонското радио, можат да се вклучат и висококвалитетни аудиосигнали на останатите радија. За прием на дигитален радиосигнал неопход-ни се и соодветни приемници. [Рок: јуни 2014 година]

Образложение:

И покрај тоа што рокот за исполнување на ова ветување е јуни 2014 година, се уште во Р. Македонија нема информации за започнување на реализацијата на ова ветување.

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција