ВМРО-ДПМНЕ: Добивање на одобрение за градење по електронски пат

Со доставување на барање и документацијата за добивање на одобрение за градење по електронски пат, ќе се заштедат пред сè средства и време на барателите. Со имплементацијата на овој проект очекуваме олеснување на постапката, а истовремено и подобрување на бизнис-климата што ќе придонесе за побрз економски развој на опш-тините. [Рок: јуни 2012]

Образложение:

За ова ветување има само најави уште од октомври 2011 година, дека се работи на тоа, но официјален податок дека овој систем функционира не е пронајден.

Во отчетот на работењето на Владата на РМ за 2011-2012 (заклучно со 20.07.2012) е наведено:

Во тек е реализација на проектот „Овозможуваме електронско аплицирање и добивање електронско одобрение за градба (централна база за податоци на урбанистички планови, изградба на планска документација и интегрирано управување со истата и електронско аплицирање и издавање согласност за урбанистички планови)“. Во соработка со ЗЕЛС започнат е процес со кој ќе се овозможи изготвување на софтверско решение, кое потоа ќе биде предадено во употреба на единиците на локалната самоуправа.

Според овие информации ветувањето не е исполнето во зададениот рок.

Линкови:

Оценето од: Марија Теговска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција