ВМРО-ДПМНЕ: Доизградба на двосистемскиот 110 kV далекувод ТС Битола 3 – ТС Битола 4

Ќе се доизгради двосистемскиот 110 kV далекувод ТС Битола 3 – ТС Битола 4, во должина од 10,50 km, инвестиција вредна 3,25 милиони евра. Со овој проект најголемите трафостаници во овој регион ќе се затворат во прстен, што ќе придонесе до подобрување на напонските услови и зголемување на доверливоста на електроенергетскиот систем во Битолскиот регион. Оваа инвестиција ќе се заврши во првата половина на 2012 година; [Рок: прва половина на 2012]

Образложение:

Според официјалниот документ на Владата на РМ, Речено – Сторено: Отчет за работењето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и нејзините коалициони партнери 2011-2012, се уште не е почнато со градежните работи, иако е најавено дека целиот проект ќе биде комплетиран во првата половина на 2012 година. Според тоа, ова ветување се оценува како неисполнето. [Ажурирано на: 11.09.2012]

Линкови:

Оценето од: Дејан Димитриевски

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар