ВМРО-ДПМНЕ: Долгогодишна стратегија за подигнување на квалитетот на семенскиот и саден материјал

Ќе подготвиме долгогодишна стратегија со активни мерки и политики за подигнување на квалитетот на семенскиот и саден материјал, со цел на подигање на просечните приноси, подобрување на квалитетот на готовите производи, намалување на увезените заразни болести и заштита на земјоделците од злоупотреби. Носител: Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. [Рок: септември 2011]

Образложение:

Според официјалниот документ на ВМРО-ДПМНЕ, Речено – Сторено: Отчет за работењето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и нејзините коалициони партнери 2011-2012, започнати се подготвителни активности за изработка на стратегија за подигнување на квалитетот на семенскиот и саден материјал. Од ова може да се заклучи дека досега, иако рокот за исполнување е истечен, ваква стратегија сè уште не е изготвена. Според тоа, ова ветување се оценува како неисполнето. [Ажурирано на: 07.09.2012]

Линкови:

Оценето од: Дејан Димитриевски

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција