ВМРО-ДПМНЕ: Домашни туристи

Ќе продолжиме со напорите, покрај странските туристи, во нашите туристички места да се зголеми и бројот на домашни туристи преку рекламирање во домашните медиуми. Ќе овозможиме поголемо промовирање на македонските културни и туристички потенцијали во домашните образовни програми достапни за сите генерации. Носител: Македонска национална туристичка органзација во соработка со Министерството за економија. [Рок: 2012]

Образложение:

Според податоците на Државниот завод за статистика на Република Македонија, бројот на домашни туристи во последниве две години, не само што не бележи пораст,, туку може да се забележи и извесен пад. Вкупниот број на домашни туристи за 2012 година изнесувал 312 274 лица, за 2011 година 320 097, додека за 2010 година 324 545 домашни туристи. Од ова може да се заклучи дека напорите на Владата на РМ за зголемување на бројот на домашни туристи не вродил со плод. Ова ветување се оценува како неисполнето. [Ажурирано на: 14.02.2013]

Линкови:

  • Државен завод за статистика: Туризам. [Пристапено на 14.02.2013]

Оценето од: Дејан Димитриевски

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција