ВМРО-ДПМНЕ: Достапност на сите потребни лекови за пациентите во болниците

Ќе овозможиме Достапност на сите потребни лекови за пациентите во болниците според медицина базиранана докази преу укинување на болничката позитивна листи на лекови на товар на Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ). Ова ќе овозможи примена на посовремени тераписки методи на лечење со поширока палета на лекови во болниците и поголем избор на лекови за пациентите. Со прераснување на ФЗОМ во стратешки купувач на здравствени услуги и со воведувањето на медицина базирана на докази, со јасните клинички протоколи и патеки во кои јасно е дефинирана генериката на потребните лекови за определно лекување, ќе се надмине потребата од постоење на позитивната листа на болнички лекови. Со укинувањето на оваа листа, менаџерите и лекарите во болницата ќе имаат поголема автономија при одлучувањето на терапијата и лековите што ги набавуваат, со што ќе се надмине хроничниот недостаток на лекови. Носител: Министерството за здравство. [Рок: Април 2013 година]

Образложение:

Оваа мерка во македонското здравство постои од 2009 година, но во 2012 година со измени на Законот на здравствена заштита, се пропишани мерки со кои се заштитуваат пациентите. Во болниците треба да бидат достапни сите лекови кои им се потребни на пациентите, а доколку тоа не се случи, следуваат казни за болниците, клиниките и нивните директори. Болничката листа, која според ветувањето треба да биде укината, сеуште

Не е, но според информациите од отчетот, се работи на нејзино укинување во соработка со надлежните тела и институции.

Линкови:

Оценето од: Наталија Пешиќ

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција