ВМРО-ДПМНЕ: Достоинствени психијатриски установи
Фондот во координација со Министерството за здравство и со Министерството за труд и социјална политика ќе обезбеди подобро лекување и нега на лицата згрижени во психијатриските установи преку обезбедување на допол-нителни средства за нивното лекување и грижа на социјалните категории на овие осигуреници кои се долготрајно врзани за психијатриските установи. По примерот на европските земји, ФЗОМ ќе ги иницира средбите со невладините организации и други организации кои можат да помогнат во подобра грижа и негување на оваа категорија осигуреници. Во тек е реконструкција на Психијатриската болница Негорци и на Психијатриската болница Бардовци, а во втора фаза ќе биде реконструирана и Психијатриската болница Демир Хисар. Носител: Министерството за здравство и ФЗОМ [Рок: Септември 2013 година]
Образложение:
Од ветеното, до септември 2013 година е завршена првата фаза од реконструкцијата на психијатриската установа Бардовци, а започната е реконструкцијата на психијатриската болница во Негорци. Во втората фаза, освен продолжување на реконструкционите зафати, ќе следи и едукација на персоналот. Според најавата на Министерството за здравство, целосните реконструкции треба да бидат завршени во 2014 година.
Линкови:
- Влада на РМ: Реконструкција и реновирање на јавните здравствени установи [Пристапено на 20.11.2013]
- Влада на РМ (18.04.2013): Реконструиран објект во Психијатриската болница во Бардовци [Пристапено на 20.11.2013]
- Курир (18.04.2013): Тодоров најави нови вработувања во здравството [Пристапено на 20.11.2013]
- Сител (18.04.2013): Единствен објект на балканот со апартманско лекување на психијатриски случаи [Пристапено на 20.11.2013]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар