ВМРО-ДПМНЕ: Државно земјоделско земјиште под закуп

3.000 хектари државно земјоделско земјиште со парцели со големина од 30-200 ха во сите земјоделски региони во Македонија ќе биде дадено под закуп на домашни и на странски инвеститори врз основа на издржани инвестициски програми. Земјиштето ќе биде наменето за производство на производи со конкурентна предност како градинарски култури, подигање на овоштарници и лозови насади, насади со маслинки, бадеми, мандарини и малини, хортикултура и за подигање на оранжерии (вклучително такви кои користат геотермална енергија или енергија добиена од биомаса). [Рок: 2011 – 2015]

Образложение:

Од 2011 година па наваму, по пат на јавни огласи дадена е значителна површина на државно земјоделско земјиште под закуп на домашни и на странски инвеститори. [Ажурирано на: 07.05.2013]

Во Отчетот за сработеното на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 2011-2014, во делот „Земјоделство, шумарство и водостопанство “, за проектот „Државно земјоделско земјиште под закуп“,  е наведено:

Огласени се 3.000 хектари на државно земјоделско земјиште со поголеми парцели во сите земјоделски региони во Македонија наменети за домашни и странски инвеститори врз основа на издржани инвестициски програми. 2.963 ха се веќе доделени под закуп за производство на производи со конкурентна предност како градинарски култури, подигање на овоштарници и лозови насади, насади со маслинки, бадеми, мандарини и малини, хортикултура и за подигање на оранжерии. [Ажурирано на: 09.04.2014]

Од 2011 година па наваму објавени се повеќе јавни повици за давање на државно земјоделско земјиште под закуп на домашни и на странски инвеститори. [Ажурирано на: 09.04.2014]

Може да се каже дека  ветувањето: „Државно земјоделско земјиште под закуп“, е исполнето.

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција