ВМРО-ДПМНЕ: Е-аукции за наплата на даночни долгови
За брзо и транспарентно наплатување на паричните долгови, а по спроведена контрола и постапка за утврдување на затајување на данок кон УЈП, ќе спроведеме продажба на стоки и добра преку електронски е-аукции. [Рок: декември 2011 година]
Образложение:
Системот за електронски е-аукции е создаден во дадениот рок и се користи за продажба на запленет движен/недвижен имот. Ветувањето се оценува за исполнето.
Линкови:
- Sky.mk (07.12.2011): УЈП воведе нов систем за електронски јавни аукции [Пристапено: 09.09.2012]
- Систем за е-аукции [Пристапено: 09.09.2012]
- Влада на РМ (20.07.2012): Речено – Сторено: Отчет за работењето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и нејзините коалициони партнери 2011-2012. [Пристапено на: 09.09.2012]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар