ВМРО-ДПМНЕ: Е-Даноци за сите

Управата за јавни приходи ќе овозможи проширување на капацитетот на постојниот портал е-даночни услуги, со цел мали и средни даночни обврзници да можат да поднесуваат даночни пријави, потврди за платен данок и други документи по електронски пат. Постојниот електронски интернет-портал, е-даночни услуги, е достапен за 174 големи даночни обврзници. Функционирањето на е-порталот ќе ги елиминира посетите на Управата за јавни приходи од страна на даночните обврзници при плаќањето на данокот на добивка, ДДВ и на персоналниот данок на доход. Рок: декември 2008 година. Од јануари 2012, сите даночни пријави ќе се процесуираат по електронски пат.

Образложение:

УЈП организирала обуки за сите даночни обрзници како да го користат овој сервис.

Линкови

  • USAID eGov Project. (2009). e-Tax System. [Пристапено на 25.05.2011.]

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција