ВМРО-ДПМНЕ: Е-ДДВ

Ќе воспоставиме  систем за издавање на нумерирани ДДВ-фактури, прeку кој даночните обврзници ќе стекнат правна сигурност за деловните односи кои подлежат на данок на додадена вредност. Оваа алатка ќе овозможи намалување на инспекцискиот надзор во делот на контрола на веродостојноста на ДДВ-фактурите кај даночните обврзници. Истовремено, преку е-ДДВ ќе се обезбедат податоци за влезниот и излезен промет на македонското стопанство, а со тоа ќе ги намалиме ДДВ-измамите. Оваа мерка ќе придонесе за рамен терен и фер и еднакви услови во работењето на фирмите. [Рок: март 2012 година]

Образложение:

Рокот за исполнување на ова ветување е март 2012 година, но не постојат јавно достапни информации, освен најави за започнување на проектот.

Според Отчетот на Владата на Р. Македонија, за работата на владата во 2012 година, ова ветување е започнато но не е завршено во рамките на поставениот рок.

Линкови:

Оценето од: Марија Теговска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција