ВМРО-ДПМНЕ: Е-Демократија
Креирање веб-портал за учество на граѓаните при градењето на јавни политики, кој ќе овозможи примена на информациско–комуникациските технологии во подобрување на демократските процеси во земјата. Носител: Министерството за информатичко општество и администрација. Буџет: 20.000 евра. [Рок: декември 2011]
Образложение:
Веб-порталот Е-Демократија беше промовиран од страна на Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 14 февруари 2012 година. Со оглед на тоа дека рокот за исполнување на ова ветување беше заклучно со декември 2011 година, може да се заклучи дека исполнувањето на ова ветување е со задоцнување од околу месец и половина. Веб-порталот може да се најде на интернет адресата: www.e-demokratija.mk . [Оценето на: 02.04.2012]
Линкови:
- Влада на Република Македонија (14.02.2012): МИОА промовира нов портал е-демократија за модерна јавна расправа. [Пристапено на: 02.04.2012]
- Sky MK (14.02.2012): Денеска ќе биде промовиран порталот е-демократија. [Пристапено на: 02.04.2012]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар