ВМРО-ДПМНЕ: Е-Катастар
Воспоставување на целосен електронски катастарски информациски систем како интегриран и единствен систем во Република Македонија кој овозможува пријавување, обработка, дистрибуција и пристап до ажурни податоци од катастарот на недвижностите за целата територија на Македонија каде што граѓаните ќе можат преку Интернет да ги добијат катастарските услуги. Носител: Агенцијата за катастар на недвижности. [Рок: 2012]
Образложение:
Во јули 2012 година се завршени активностите за воведување на електронски катастарски информациски систем на целата територија на Република Македонија. Ова ветување е исполнето. [Ажурирано на: 28.09.2012]
Линкови:
- Капитал (11.07.2012): Заврши воведувањето на новиот Е-катастар. [Пристапено на: 28.09.2012]
- Агенција за катастар на недвижности [Пристапено на: 28.09.2012]
Оценето од: Дејан Димитриевски
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар