ВМРО-ДПМНЕ: Е-потсетник

Воведување на систем со ИТ-поддршка за известување на граѓаните преку СМС, или електронска пошта кога им се наближува истекувањето на нивната патна исправа, лична карта, возачка дозвола, регистрација на возилото или останатите документи што ги издаваат државните институции, а имаат рок на важење. Носител: Министерството за информатичко општество и администрација. Буџет: 100.000 евра. [Рок: ноември 2012]

Образложение:

Министерот за информатичко општество и администрација го најави отпочнувањето на овој проект. Според најавите, во првата фаза ќе бидат опфатени 5 институции кои ќе овозможат 11 административни услуги. [Ажурирано на: 15.05.2012]

Во недостиг на јавно достапни информации во врска со ова ветување, се обративме директно во надлежната институција, а тоа е Министерството за информатичко општество и администрација. Од таму ни беше одговорено дека овој проект е во фаза на развој и имплементација, и се уште не е завршен. Со оглед на тоа дека рокот за исполнување на ова ветување е истечен, а проектот не е целосно имплементиран, ова ветување се оценува како неисполнето.  [Ажурирано на: 03.03.2013]

Линкови:

Оценето од: Дејан Димитриевски

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција