ВМРО-ДПМНЕ: E-услуги за граѓаните
Ќе овозможиме електронските даночни услуги да бидат достапни и за физичките лица. Со проектот се предвидува сите граѓани на Република Македонија да имаат можност електронски да ги поднесуваат даночните пријави. Проектот заеднички го реализираат УЈП и Министерството за информатичко општество и администрација. [Рок: декември 2011]
Образложение:
На 16 февруари 2012 година, од Управата за јавни приходи објавија дека граѓаните можат своите даночни пријави да ги поднесуваат и преку интернет.
За користење на „е-Даноци за граѓани“ потребно е да поседувате интернет врска, е-пошта и дигитален сертификат на USB токен (издаден од овластена куќа).
Линкови:
- е-Даноци [Пристапено: 09.09.2012]
- Time.mk (05.11.2011): Годишна даночна пријава од денеска и преку интернет [Пристапено: 09.09.2012]
Оценето од: Марија Теговска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар