ВМРО-ДПМНЕ: Единици за ургентна медицина за вршење на тријажа на итни болни

Во регионалните болници ќе формираме единици за ургентна медицина за вршење на тријажа на итни болнии нивно поврзување со Националниот центар за ургентна медицина со цел достапност на правовремена здравствена интервенција на цела територија на РМ. Со тријажата ќе се селектираат пациенти кои можат да добијат соодветен третман во регионалната болница и ќе ја добијат неопходната помош во рок од половина час. Со тоа ќе се спасат многу животи, а само мал број на најтешки случаи ќе се праќаат во Клиничкиот центар во Скопје. Носител: Министерството за здравство. [Рок: 2015 година]

Образложение:

Заклучно со 1 април 2014 година, Единиците за ургентнамедицина на тријажа на итни болни не се отворени во регионалните болници. Ветувањето е ставено во делот “Неисполнети ветувања„ во  Отчетот на Владата на РМ за оствареното во периодот 2011-2014.

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

Оценето од: Наталија Пешиќ

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција