ВМРО-ДПМНЕ: Единствен регистар на земјоделски стопанства

Земјоделците нема да имаат потреба да вадат имотни или поседовни листови. Со завршување на целосно функционалниот Единствен регистар на земјоделски стопанства поврзан со Катастарот на недвижности и Регистарот на животни во Агенцијата за храна и ветеринарство, земјоделците нема да имаат обврска да вадат докази за сопственост на земјиштето што го обработуваат. [Рок: декември 2012]

Образложение:

Во недостиг на јавно достапни информации во врска со ова ветување, се обративме директно во надлежната институција, а тоа е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Од таму ни беше одговорено дека Единствениот регистар на земјоделски стопанства е целосно функционален, но во моментиве не е поврзан со Агенцијата за катастар на недвижности и Системот за идентификација и регистрација на животните. Според тоа, ова предизборно ветување се оценува како делумно исполнето. [Ажурирано на: 21.02.2013]

Линкови:

Оценето од: Дејан Димитриевски

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција