ВМРО-ДПМНЕ: Ефикасни системи за наводнување

Ќе поттикнуваме поголеми инвестиции и изградба на ефикасни системи за наводнување по принципот „капка по капка“ за наменско користење на водата и поголем принос на културите во овоштарството, градинарството и лозарството. За таа цел ќе реализираме кампања за прифаќање на економичните системи за наводнување и позасилени мерки за поддршка на кофинансирање на ваквите инвестиции до 50% од инвестицијата, преку програмите за финансиска поддршка на руралниот развој. [Рок: 2012 – 2015]

Образложение:

Како дел од Програмата за рурален развој во последните 3 годни инсталирани беа   системи за наводнување „капка по капка“. Ваквите инвестиции, се кофинансираат со 50% од висината на инвестицијата.

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

Земјоделците учат за системот капка по капка

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција