ВМРО-ДПМНЕ: Економска дипломатија

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да става посебен нагласок и на економските активности на македонските дипломатско-конзуларни претставништва, особено во делот на привлекување на инвеститори во Република Македонија, преку промоција на предностите за водење бизнис, но и помагање на македонското стопанство преку создавање можности за зголемување на извозот. Во тој правец, Владата ќе ја продолжи политиката на наградување на дипломатите кои се истакнале во оваа активност, но и санкционирање кога потфрлиле. Така, ќе се работи на зголемување на капацитетите за економската дипломатија, со цел да се унапредат економските резултати на надворешната политика.

Образложение:

Политиката на наградување и санкционирање на дипломатите беше активна во 2011 година кога беа наградени тројца, а казнети четири дипломати. Потоа беше направена пауза во примената на оваа политика во 2012, за повторно да биде активирана употребата на оваа методологија во 2013 година. Ова ветување се оценува како делумно исполнето. [Ажурирано на: 09.04.2014]

Линкови:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција