ВМРО-ДПМНЕ: Електронска наплата на патарини

Модернизацијата на системот на наплата на патарина се предвидува да се реализира преку воведување на интегриран систем за готовинска и безготовинска наплата на петте постојни наплатни станици на Коридор 10, како и изградба на четири нови наплатни станици (Табановце: делница граница со Србија – Куманово; Неготино: делница Градско – Неготино; Демир Капија: делница Неготино – Демир Капија и Гевгелија: делница Демир Капија – Гевгелија) и опремување со електронски систем за наплата на патарина. Со овој систем целосно ќе се воспостави електронски систем без каква било инволвираност на човековиот фактор во делот на наплата на патарините. За оваа намена веќе се обезбедени 17 милиони евра во соработка со ЕБОР. [Рок: 2012 – 2016 година]

Образложение:

Ветувањето се истражува

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција