ВМРО-ДПМНЕ: Електронски регистар за лица кои имаат забрана за вршење на дејноста

Префрлањето на податоците во електронска форма за лицата против кои има изречено забрана за вршење дејност е важно за укинување на оваа постапка. Ќе побараме судовите да изработат електронски регистар кој ќе ги содржи овие податоци. Податоците ќе бидат достапни на Централниот регистар, кој ќе може веднаш да ја провери веродостојноста на изјавите на основачите на фирмата. Рок: ноември 2008 година

Образложение:

Регистарот на физички и правни лица на кои им е изречена санкција забрана на вршење професија, дејност или должност и привремена забрана за вршење одделна дејност е јавна книга која претставува единствена електронска база на податоци којашто содржи податоци од евиденцијата на прекршочните санкции на првостепените судови за физички и правни лица на кои им е изречена санкција забрана на вршење професија, дејност или должност и привремена забрана за вршење одделна дејност пропишани со Законот за прекршоците (Службен весник на РМ бр. 62/06, 69/06 и 157/09).

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција