ВМРО-ДПМНЕ: Електронско пријавување придонеси
Централниот регистар, Агенцијата за вработување и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување ќе воспостават електронски систем за пријавување на вработени и за плаќање придонеси. Рок: декември 2008 година.
Образложение:
Проектот за е-влада на УСАИД во соработка со Агенцијата за вработување на РМ разви е-систем за пријавување и одјавување вработени, достапен преку адресата https://www.avrm.gov.mk/prijavaodjava. Фирмите може да плаќаат придонеси кон Фондот за пензиско и инвалидско осигурување преку банките кои нудат е-банкарство. Иако не е воспоставен еден единствен систем, функциите наведени во ветувањето може да се обавуваат по електронски пат.
Линкови
- Управа за јавни приходи. (20.12.2010). Упатство за електронско пријавување на вработени во АВРМ и ФЗО преку ЕШС (пдф). [Пристапено на 27.05.2011]
- USAID eGov Project. (2009). Online Employment Registration. [Пристапено на 27.05.2011]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар