ВМРО-ДПМНЕ: Електронско управување со документи
Институциите во државната управа ќе се автоматизиираат и модернизираат со примената на информатичките и на комуникацииските технологии со цел да прераснат во ефикасни и транспарентни институции. Повеќе нема да има скриени предмети по фиоки. Целиот процес на следење на движењето на документите низ институцијата, ќе се одвива електронски. Носител: Министерството за информатичко општество и администрација. Буџет: 2 милиони евра. [Рок: 2011 – март 2013]
Образложение:
Овој проект е реализиран, односно воведен е систем за електронско управување со документи во институциите на државната управа (Документ менаџмент системот-DMS). Во февруари 2014 година беше најавено дека ќе се изврши надградба на овој систем. Ова ветување се оценува како исполнето. [Ажурирано на: 05.04.2012]
Линкови:
- Web Ohrid (21.02.2013): Промовирана прва регионална студија за развој на е-Влада. [Пристапено на: 05.04.2014]
- Влада на Република Македонија (24.10.2013): Програмата е-Влада отворена за приватниот сектор. [Пристапено на: 05.04.2014]
- Сител Телевизија (23.02.2014): Нов концепт на Е-Влада за 6 месеци. [Пристапено на: 05.04.2014]
- ВМРО-ДПМНЕ: Отчет за сработеното на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери 2011-2014. [Пристапено на: 05.04.2014]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар