ВМРО-ДПМНЕ: Финансирање на мали и средни претпријатија во туризмот

Во насока на градење на капацитетите за сместување на туристи и подобрување на услугите од областа на туризмот ги предлагаме следните мерки: Развој на малите и на средните претпријатија кои дејствуваат во гранката туризам, преку субвенционирање на кредитните камати. Ќе обезбедиме посебна кредитна линија преку МБПР, којашто ќе нуди посебно поволни услови на финансирање на мали и средни претпријатија во туризмот. Со тоа би се намалиле каматните стапки за купување, изградба, до изградба, адаптација и уредување на мали сместувачки капацитети и тоа хотели и мотели до 50 легла, апартхотели до 20 соби, со стандарди не повеќе од 3 ѕвезди. [Рок: 2013]

Образложение:

Во октомври 2011 година, од страна на Владата на Република Македонија беше објавена мерката за субвенционирање на каматата за новата кредитна линија од Европската инвестициона банка наменета за мали и средни претпријатија во повеќе различни области, меѓу кои и туризмот. Дополнително, преку Македонската банка за поддршка на развојот се нудат поволни услови за финансирање на мали и средни претпријатија од областа на туризмот. Ова ветување се оценува како исполнето. [Ажурирано на: 10.04.2014]

Линкови:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција