ВМРО-ДПМНЕ: Финансиска поддршка за проекти предложени од граѓанскиот сектор
Овозможивме и ќе продолжиме финансиска поддршка за проекти предложени од граѓанскиот сектор за отворање на Дневни центри за лица со интелектуална попреченост, деца на улица, помош и поддршка на жртви на семејно насилство, корисници на дрога, превенција од злоупотреба на дрога, стари лица и други ризични групи. [Рок: континуирано]
Образложение:
Отворени се повеќе центри за заштита од семејно насилство во: Скопје, Битола, Кочани, Свети Николе и Гази Баба, а најавено е отворање на нов центар за жртви на семејно насилство во Тиквешијата.
Во рамките на Меѓуопштински центар за социјална работа на Град Скопје формирано е Советувалиште за работа со сторители на семејно насилство.
Отворени се центри за стари лица, во Скопје и во Вевчани.
Во Скопје е отворен Дневен центар за аутизам.
Во Скопје е отворен нов Центар за згрижување на деца од улица.
Во Скопје е отворено Советувалиште за превенција од дрога.
Имајќи го сето ова предвид може да се каже дека ветувањето: „Финансиска поддршка за проекти предложени од граѓанскиот сектор“ е исполнето.
Линкови:
- Плус Инфо (28.12.2011): Се отвори центар за жртви од семејно насилство – има место само за шест. [Пристапено на: 16.04.2013]
- Прес 24 (10.06.2012): Отворен Дневен центар за стари лица и Центар за давање помош во домашни услови. [Пристапено на: 16.04.2013]
- Утрински Весник (23.09.2012): Транзитен центар за педесетина деца од улица. [Пристапено на: 16.04.2013]
- Денешен Весник (18.02.2013): Ќе се отвора Центар за жртви на семејно насилство во Тиквешијата. [Пристапено на: 16.04.2013]
- Сител Телевизија (18.03.2013): Вевчани ќе добие Дневен центар за стари лица. [Пристапено на: 16.04.2013]
- Нова (28.10. 2013): Отворен првиот семеен центар за жртви на насилство [Пристапено на: 05.04.2014]
- Сител (22.08.2013): Нов прифатен центар за жртвите на семејно насилство [Пристапено на: 05.04.2014]
- Министерство за труд и социјална политика: Промовиран Центар за жртви на семејно насилство [Пристапено на: 05.04.2014]
- Идивиди (28.12.2011): Отворен Центар за жртви од семејно насилство во Свети Николе [Пристапено на: 05.04.2014]
- Вечер (19.02.2013): Шелтер центар за жртви од семејно насилство [Пристапено на: 05.04.2014]
- Тајм мк (03.03.2014): Пуштен во употреба новиот дом за стари лица „Сју Рајдер“ [Пристапено на: 05.04.2014]
- МКД (10.06.2012): Отворен Дневен центар за стари лица [Пристапено на: 05.04.2014]
- Журнал (23.09.2011): Транзитен центар за згрижување деца од улица [Пристапено на: 05.04.2014]
- А1 ОН (15.09.2012): Отворено советувалиште за превенција од дрога [Пристапено на: 05.04.2014]
- Фактор (18.03.2013): Вевчани ќе добие Дневен центар за стари лица [Пристапено на: 05.04.2014]
- Нетпрес (02.04.2014): Отворен Центар за аутизам во Скопје [Пристапено на: 05.04.2014]
Оценето од: Оливера Војновска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар