ВМРО-ДПМНЕ: Форензичка-ИТ лабораторија
УЈП во текот на 2011 година ќе ги постави темелите на првата форензичка ИТ-лабораторија за даноци во Југоисточна Европа, со што ќе се засили капацитетот на инспекциски надзор за сузбивање на високософистицираните форми на даночно затајување. Лабораторијата ќе биде опремена со најсовремена ИТ-опрема со која софтверски ќе можат да се следат податоците преземени од даночните обврзници и да се врши соодветно ИТ-вештачење. [Рок: декември 2011 година]
Образложение:
Рокот кој е поставен во ветувањето како краен до кога треба да се отвори форензичката ИТ лабораторија е декември 2011 година.
Најавата за започнување на овој проект од страна на Владата на Р. Македонија беше на 1 септември 2012 година, а рокот за оформување е 2013 година.
Линкови:
- Влада на РМ (01.09.2012): Владата воспоставува Информатичко форензичка лабораторија [Пристапено на: 21.09.2012]
- Time.mk (01.09.2012): Владата ќе отвори форензичка лабораторија [Пристапено на: 21.09.2012]
Оценето од: Марија Теговска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар