ВМРО-ДПМНЕ: Формализирање на 1.250 неформални бизниси

Во периодот 2011-2015 година ќе продолжиме со поддршката од 3.000 евра по работно место за формализација на неформалните бизниси од страна на невработени лица и нивно легално вклучување во пазарот во функција на намалување на сивата економија и создавање на нови успешни мали компании на пазарот. Сите заинтересирани за формализација на сопствениот бизнис треба да аплицираат во АВРМ во периодот од 15 март до 31 март секоја година кога ќе биде објавен јавниот повик за формализација и да пополнат електронска апликација во центрите за вработување во нивните градови. По рангирањето на кандидатите, истите ќе бидат посетени од вработените од АВРМ и ќе се проверат со кои ствари-опрема располагаат за нивниот бизнис кој сакаат да го формализираат. Откако ќе бидат посетени и оценети со кои ствари-опрема располагаат, ќе бидат повикани да изработат бизнис-план кој ќе биде доставен до Агенцијата за претприемаштво на РМ и истите ќе бидат оценети од стручни лица од областа и од аспект на економската оправданост на бизнисот. По добивањето на оценките од Агенцијата за претприемништво на РМ, се прави листа на лица кои се најдобро оценети и со истите се склучува договор, по кој следи исплата на средствата во вид на репроматеријал или опрема во текот на август и септември.

Вкупниот буџет на оваа мерка:

– за 2011 година е 47 милиони денари за 250 лица,

– за 2012 година е 47 милиони денари за 250 лица,

– за 2013 година е 47 милиони денари за 250 лица,

– за 2014 година е 47 милиони денари за 250 лица,

– за 2015 година е 47 милиони денари за 250 лица.

Вкупниот буџет за 2011-2015 е 235 милиони денари со опфат на 1250 нови формализирани неформални бизниси.

[Рок: 2011 – 2015]

Образложение:

Оваа мерка е опфатена во Оперативните планови за активни програми и мерки за вработување на Министерството за труд и социјална политика во 2011, 2012, 2013 и 2014 година, со што континуирано се обезбедуваат финансиски средства за формализација на неформалните бизниси од страна на невработени лица. Во планот за 2011 година за оваа мерка е предвидена посебна програма, додека во плановите за 2012, 2013 и 2014 мерката е дел од програмата за самовработување. Ова ветување се оценува како исполнето. [Ажурирано на: 10.04.2014]

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција