ВМРО-ДПМНЕ: Формирање на детски катчина во рамките на болниците
Ќе направиме секое детско одделение да личи на детска игротека со цел подобро, побрзо и позабавно заздравување на малите дечиња кои се наоѓаат во болниците. Со овој проект ќе се овозможи попријатен престој на децата кои мораат да бидат лекувани во болница и намалување на детскиот страв од белите мантили. Носител: Министерството за здравство. [Рок: 2015 година]
Образложение:
Во отчетот на Владата на РМ 2011-2014 година, овој проект се наоќа во делот на проекти од здравството кои се во тек со образложение дека на Универзитетската клиника за детски болести е отворено детско катче а веќе се готови идејните решенија за катчиња кои треба да бидат отворени во други болници во текот на 2014 година. На Детската клиника во Скопје, во Април 2014 година е отворена игротека-библиотека, но како што велат иформациите, отварањето на детското катче е дел од голема хуманитарна акција под наслов “Читај книга и подари здравје“ која се одржала во Градската Библиотека “ Браќа Миладиновци“, додека пак книгите се донација од Библиотеката,македонските детски писатели, издавачки куќи, Фондацијата за образовни и културни иницијативи “Чекор по Чекот„ и Мечународното училиште Нова.
Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.
Линкови:
- “Игротека-Библиотека“ отворено ново катче за рекреација на детската клиника
- “Игротека-Библиотека“ ќе се отвори во Универзитетската клиника за детски болести
- Клиниката за детски болести ќе добие детска библиотека
- Отчет за сработеното на Владата на Република Македонија 2011-2014 стр. 212
Оценето од: Наталија Пешиќ
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар