ВМРО-ДПМНЕ: Формирање на библиотека за слепи

Преку формирањето на посебното одделение за слепи лица во рамките на НУБ „Св. Климент Охридски“, за првпат една Влада од независноста на Република Македонија и преку конкретни проекти, експлицитно, ја презентира гри-жата за лицата со посебни потреби, односно за слепите лица и лицата со оштетен вид. Адаптацијата на просторот ќе овозможи оваа категорија лица да се здобие со своја библиотека, односно со просторни и технички услови за продукција на книжен фонд во формати соодветни за слепите лица. Буџет: 2 милиона денари. Носител: Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. [Рок: 2011 година]

Образложение:

На 29. 12. 20011 година, во рамки на Националната универзитетска библиотека “Свети Климент Охридски“ , отворена е првата библиотека адаптирана за потребите на слепите лице. Библиотеката е опремен со машина за печатење книги со Брајово писмо, просторија за подготовка на книгите за печат, комплетно опремено студио за снимање на звучни книги и читална за реализација на програма за културна анимација.

Линкови:

Оценето од: Наталија Пешиќ


Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција