ВМРО–ДПМНЕ: Груевски никогаш не рекол дека Сахара груп ќе инвестира

Со случајот со Сахара груп би нагласиле дека државата односно граѓаните во ниту аспект не се оштетени, и државата постапи одговорно заштитувајќи се и поставувајќи барања за банкарски гаранции, реагираат од ВМРО – ДПМНЕ на прес конференција на СДСМ, каде портпаролот на партијата Шилегов, ги повика Груевски и Ставрески лично да ги соопштат штетите од Субрата Рој.

Владата и премиерот Груевски никогаш не рекла дека Сахара Груп ќе инвестира, ниту дека нема да инвестира. Владата единствено соопшти дека компанијата пројавила интерес, а самиот сопственик на компанијата изјави дека ќе инвестира. Прашањето дали таа ќе инвестира или нема да инвестира, е тема која зависи од самиот инвеститор, а задача на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е да се бори за секое новоотворено работно место кое значи егзистенција за граѓаните и многу семејства, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: Official web site of the The Honorary Consulate of Republic of Macedonia in Mumbai (India)
Извор: Official web site of the The Honorary Consulate of Republic of Macedonia in Mumbai (India)

Образложение:

Премиерот Никола Груевски за Сител:

Не е добро тоа. Се работи за вработувања на нашите граѓани, можеме ние да имаме политички разлики, ама кога станува збор за луѓе кои сакаат да инвестираат и да отворат нови работни места, тогаш не треба така партиски да се настапува, да се одвраќаат инвеститорите.

Премиерот Груевски за Охридон изјави:

Инвестицијата која Груевски ќе ја обелодени во Охрид неофицијално е поврзана со најавите за инвестирање на индискиот милијардер и еден од најбогатите луѓе во светот Субрата Рој и неговата Сахара Груп, кои на неколку пати во изминатиов период престојуваа во Охрид.

Груевски:

Македонија е земја за која индиските компании покажуваат зголемен интерес. Досега земјава ја посетија повеќе групи индиски бизнисмени, односно меѓу пет и 10 компании, кои дефинитивно се задоволни од условите во нашата држава и се надевам дека тој интерес ќе вроди со некој плод.

Курир извести:

„Сахарајан Македонија“ е проектот што индиската компанија „Сахара Индија Паривар“ ќе го реализира во Македонија. Предлогот за инвестицијата е доставен до македонскиот премиер Никола Груевски и вицепремиерот Зоран Ставрески на 20-ти овој месец.

Порталот Фактор пренесе:

Тони Блер, заедно со Субрата Рој и владиниот врв, во новиот „Стар театар“ беа дел од свеченоста на „Сахара Груп“. Блер зборуваше за тоа дека Македонија сега не е симбол на проблемите на Балканот, туку симбол на решението. Тој и честиташе на Македонија за направениот напредок и за тоа што е првата земја домаќин на фестивалот.

Курир информираше:

Според најавите, во Охрид Субрата Рој ќе организирана свечена вечера за премиерот Никола Груевски и останати високи владини претставници, а поканети ќе бидат и повеќе дипломати меѓу кои американскиот и англискиот амбасадор.

Спорeд анализата на Вистиномер:

Во изминатиов период се објавуваат многу ветувања и планови на индискиот милијардер Субрата Рој за Македонија. Тимот на Вистиномер направи истражување и ги издвои.

Според изјавите на Никола Груевски и информациите кои ги пренесуваа медиумите за средби и најави за инвестирање може да се заклучи дека изјавата на ВМРО-ДПМНЕ е невистинита.

Оценил: Владо Ѓорчев

Линкови

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција