ВМРО-ДПМНЕ: ХЕ Бошков Мост

Се очекува до крајот на 2011 година да се распишат тендерите за изведувач на проектот, а хидроцентралата ќе се гради во период од 4 години од почетокот на 2012 година и ќе биде завршена до 2016 година. [Рок: распишување на тендер 2011, изградба 2016]

Образложение:

Со потпишување на Договорот за заем меѓу АД ЕЛЕМ и Европската банка на обнова и развој (ЕБОР) и на Договорот за гаранција меѓу Рапублика Македонија и ЕБОР во Министерството за финансии, обезбедени се средствата за изградба на ХЕ Бошков Мост. [Ажурирано на: 26.03.2012]

Тендерот за изведувач на овој проект беше распишан на 13.01.2012. Според последните информации од министерот за економија, Ваљон Сараќини, изградбата на оваа хидроцентрала ќе започне пролетта 2013 година. [Ажурирано на: 18.09.2012]

И покрај најавите дека градежните работи ќе почнат во 2012 година, изградбата на хидроцентралата се уште не е започната. На изградбата се спротиставуваат еколошките здруженија и општината Дебар. [Ажурирано на: 10.04.2013]

Во Отчетот за сработеното на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 2011-2014, во делот „ Енергетика “, за проектот „ ХЕ Бошков мост“ е наведено:

Во тек е процедура за избор на изведувачи на градежните работи и добавувачи на опрема за ХЕ „Бошков мост“. За реализацијата на овој проект потпишан е Договор за заем меѓу АД ЕЛЕМ и Европската банка на обнова и развој (ЕБОР) и Договор за гаранција меѓу Република Македонија и ЕБОР. Со двата договора се одобрува заем од 65 милиони евра за изградба на ХЕ „Бошков мост“. Покрај тоа, ЕЛЕМ ќе вложи и сопствени средства во износ до 42 милиони евра. [Ажурирано на: 10.04.2014]

Имајќи го предвид сето ова, може да се констатира дека ветувањето: „ХЕ Бошков мост“ , е неисполнето, но поради тоа што крајниот рок на исполнување е 2016 година, а тој го надминува регуларниот мандат на Владата, ова ветување се оценува како недоследно.

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција