ВМРО-ДПМНЕ: Хидросистем Лисиче

Во текот на изминатите четири години, Владата на ВМРО-ДПМНЕ успешно ја комплетираше првата фаза на хидросистемот Лисиче. Во следните четири години, ќе ја реализираме следната фаза во вкупна вредност од 4.5 милиони евра, со која ќе изградиме цевковод во должина од 6 км од браната Л исиче до езерото Младост. Со тоа ќе овозможиме ревитализација на водите во езерото Младост, со што ќе се подигне квалитетот во прва категорија. Со тоа ќе се овозможи и наводнување на дополнителни 1600 хектари земјоделско земјиште. Преку моделот на јавно-приватно партнерство, ќе овозможиме и изградба на 3-5 мали хидроцентрали, со вкупна инсталирана моќност од 2 МW и инвестиција во износ од 3 милиони евра. [Рок: 2012-2016*]

Образложение:

На 26 ноември 2012 година започна изведбата на градежните работи за изградба на цевковод од градскиот водовод во Велес до крајбрежниот појас на езерото „Младост‘‘.

Во Отчетот за сработеното на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 2011-2014, во делот „Земјоделство, шумарство и водостопанство “, за проектот „Хидросистем Лисиче“ е наведено:

Во текот на 2013 година изработена е Физибилити-студија за енергетско искористување на водите од ХС Лисиче и изградба на мали хидроцентрали со јавно-приватно партнерство. Врз основа на студијата следи спроведување на инвестицијата во следниот период.

Иако се преземени некои активности, сепак проектот не е реализиран во целост, па ветувањето „Хидросистем Лисиче“ е неисполнето. Поради тоа што ветувањето е предвидено да се исполни по истекот на регуларниот мандат на Владата ова ветување се оценува како недоследно.

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција