ВМРО-ДПМНЕ: Имплементација на Законот за судски буџет

Во периодот од 2012 до 2015 целосно ќе го имплементираме Законот за изменување и дополнување на Законот за судски буџет, со кој се унапредува постапката за изготвување и менаџирање на судскиот буџет, и се утврдува судски буџет во износ од најмалку 0,8% од бруто домашниот производ, или два пати повеќе од досега, зголемувајќи го постепено секоја година. [Рок: 2012 – 2015]

Образложение:

Според информациите на Државниот завод за статистика, бруто домашниот производ на Република Македонија за 2012 година изнесувал 462.783.000.000 денари. Од друга страна, во буџетот на РМ за 2012 година за судската власт одвоени се 1.850.283.000 денари. Пресметано процентуално судскиот буџет на РМ за 2012 година изнесувал околу 0,39% од бруто домашниот производ на земјата. Според тоа, може да се заклучи дека судскиот буџет за 2012 година не е зголемен на најмалку 0,8% од бруто домашниот производ и ова ветување, барем засега не е исполнето. [Ажурирано на: 04.05.2013]

Линкови:

*засега неисполнето

Оценето од: Дејан Димитриевски

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција