ВМРО-ДПМНЕ: Имплементирање на Закон за кривична постапка

До крајот на 2011 година ќе ги преземеме сите чекори за јакнење на капацитетите на институциите и ќе ги донесеме подзаконските акти потребни за целосно имплементирање на Законот за кривична постапка. Ќе го зголемиме бројот на јавните обвинители, како и бројот на советници, информатичари и технички персонал. [Рок: 2011 – 2015]

Образложение:

Имплементирањето на Закон за кривична постапка е одложено за дополнителни две години и е предвидено да започне во 2014 година. Според информациите, во периодот што следува треба да бидат назначени нови јавни обвинители, како и да се вработат дополнителни службеници, со цел јакнење на кадровските капацитети [Ажурирано на: 17.04.2013]

Линкови:

Оценето од: Дејан Димитриевски

*засега неисполнето

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција