ВМРО-ДПМНЕ: „Ин Виво (инсеминации)“

Проширување на можноста за биомедицинско помогнато оплодување за обезбедување на ин виво или потпомогнато оплодување во телото на мајката на товар на ФЗОМ во приватните установи кои прават ин витро оплодување. Ќе овозможиме бесплатна инсеминација на товар на ФЗОМ во приватните ординации и болници до 4 пати. ФЗО ќе ги покрива овие методи без разлика во која овластена институција се извршуваат, а со тоа ќе имаме посреќни млади брачни парови и ќе овозможиме сите двојки да ја почувствуваат улогата на родители. Носител: ФЗОМ. [Рок: Јуни 2012 година]

Образложение:

Според добиените информации од медиумите и лицата инволвирани во овој процес, сè уште нема најави за овозможување на бесплатна инсеминација до 4 пати на товар на ФЗОМ во приватните ординации и болници.

Оценето од: Наталија Пешиќ


Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција