ВМРО-ДПМНЕ: Информациска безбедност

Донесување на законско решение за мерки и стандарди на информациска безбедност, со кои ќе се утврдат минималните критериуми за заштита на класифицирани и некласифицирани податоци во информациските системи во Република Македонија. Носител: Министерството за информатичко општество и администрација. Буџет: 15.000 евра. [Рок: декември 2011]

Образложение:

Според официјалниот документ на Владата на РМ, Речено – Сторено: Отчет за работењето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и нејзините коалициони партнери 2011-2012 (страна 60), реализацијата на овој проект е се уште во тек, иако рокот за исполнување е истечен. Дополнително, според информациите од министерството за информатичко општество и администрација,  не е донесено ново законско решение за мерки и стандарди на информациска безбедност. Поради сево ова, ветувањето се карактеризира како неисполнето. [Ажурирано на: 18.09.2012]

Линкови:

Оценето од: Дејан Димитиревски

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција