ВМРО-ДПМНЕ: Интеграција на Ромите на пазарот на трудот

Ќе продолжиме со поддршка на интеграцијата на припадниците на етничките заедници на пазарот на труд преку мерката за обучување на евидентираните Роми во нови професии и вештини во соработка со ромските информативни центри и со Министерството за образование. Носител: Агенција за вработување [Рок: континуирано]

Образложение:

Вклучување на Ромите во активни мерки за вработување: Програма за самовработување, Програма за субвенционирање на вработување, Програма за обука за барани занимања на пазарот, Самовработување со кредитирање, Проектот„Поддршка во градење на капацитети за имплементација на Стратегијата за Ромите во РМ“ .

Невработени, сиромашни, дискриминирани. Ромите во Македонија живеат, или подобро речено преживуваат, на општествените маргини. Дел од нив, излезот го бараат во емигрирање или барање азил во Западна Европа.

Впечаток е дека проектите за  обука, преквалификација и доквалификација на припадниците на ромската заедница за нивна полесна интеграција на  пазарот на трудот, не даваат големи резултати. Така што, ветувањето: „Интеграција на Ромите на пазарот на трудот“, сепак, е делумно исполнето.

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција